Билал аКсами останува градоначалник на Тетово, додека претседателот на Демократската лига, Изет Меџети, како што потврди за Алсат ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека Арбен Таравари ќе биде министер за здравство.
Новата влада, Меџити очекува да биде формирана до 20 јуни.
-Ќе имаме двајца вицепремиери Албанци, а јас ќе бидам прв вицепремиер во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер верувам дека ќе биде Арбен Фетаи. За евроинтеграции деновиве треба да се одлучат во Алтернатива. БЕСА треба да одлучи за ресорот економија и социјална политика, изјави Изет Меџити, претседател на Демократската лига.