Албанскиот премиер Еди Рама го сподели видеото од Коридорот 8, кој води од и кон Македонија преку граничниот премин Ќафасан.
Деновиве се работи на коридорот, кој албанските власти го најавуваат како врска од албанските пристаништа Драч и Валона, преку Тирана и Струга во Македонија продолжува до Софија, Бугарија.
Проектот вклучува и изградба на автопат со 6 ленти во Северна Македонија и регионален пат со четири ленти во Албанија.
Патот предвидува изградба на тунел во должина од 5,8 километри со кој ќе го скрати времето на патување меѓу двете земји.
Според албанската Управа за патишта, се очекува патот да чини над 200 милиони евра.