Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) денеска го осуди јавното камшикување што го извршија талибанците врз најмалку 63 лица, меѓу кои 14 жени.
Врховниот суд на талибанците преку соопштение потврди дека јавното камшикување на сторителите на злосторствата содомија, кражба и „неморални односи“ било извршено на спортски стадион на северот на земјата, во провинцијата Сари Пул.
Канцеларијата на ОН на социјалната мрежа Х ја осуди таквата казна и ги повика талибанците, кои дојдоа на власт во Авганистан во 2021 година и драматично ги намалија правата на жените и девојките како за време на нивното прво владеење, да ги почитуваат нивните меѓународни обврски во однос на човековите права.
Иако тврдокорните исламисти ветија дека ќе владеат поумерено отколку во периодот од 1995 до 2001 година, набргу по враќањето на власт тие се вратија на праксата на строго јавно казнување со егзекуции, камшикување и каменување