Дводневната конференција на тема „Мир и одржлив развој“ заеднички ја организираат Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Зоран Заев во грчкиот главен град Атина. Во најавата како посебен момент го истакнуваат врачувањето на наградата Преспа на Метју Нимиц, специјален пратеник на ОН за решавање на спорот со името меѓу двете земји.
Грчките медиуми пишуваат дека конференцијата се одржува во особено критичен момент за меѓународните, регионалните и европските случувања. Спроведувањето на Преспанскиот договор ќе биде една од темите на конференцијата , која ќе се фокусира на иднината на Европа по европските избори, пристапната перспектива на Западен Балкан и геополитичките случувања во Источниот Медитеран.
Ќе се разговора и за мирното решавање на споровите, како и улогата на меѓународните организации во дипломатските случувања, во справувањето со климатската криза и правичната транзиција кон зелената агенда. На панелите ќе се разговара и за подемот на екстремно десничарските сили во Европа, како и за спроведувањето на договорот од Преспа шест години подоцна. Ќе учествуваат и претставници на партии од целиот демократски спектар, со акцент на застапеноста на левиот центар, левицата и пошироките прогресивни сили.
На конференцијата се очекува учеството на генерален секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш , потоа Теодорос Русопулос , претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, комесарите во Европската комисија – Паоло Џентилони, комесар за економија, Јоханес Хан, комесар за буџет и администрација, , Маргаритис Схинас, потпретседател, комесар за промовирање на нашиот европски начин на живот, Марош Шефчовиќ потпретседател за Зелената агенда. Гости на конференцијата се и Франсоа Оланд, поранешен претседател на Француската Република (2012-2017), Милош Вучевиќ, премиер на Србија, Стефан Левен, претседател на Евросоцијалистичката партија, поранешен премиер на Шведска (2014-2021), а ќе бидат присутни и Јоргос Папандреу , поранешен премиер на Република Грција (2009-2011), Никос Коѕијас, поранешен министер за надворешни работи (2015-2018), Никола Димитров , претседател на Балканскиот центар. за решение за конструктивни политики и поранешен македонски вицепремиер за европски прашања (2017-2020).