Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, во Охрид, ги врачи наградите за најдобро пласираните учесници на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.
Милјана Ристиќ и Дарио Ивановски од Македонија, во женска и во машка конкуренција, се првопласирани на главната трка на 21 километар, а Мирослав Спасов од Бугарија го освои првото место на трката на пет километри.
– Претседателката изрази задоволство од високиот потенцијал и посветеност на годинашните натпреварувачи, коишто несомнено ќе придонесат за нивните идни значајни маратонски подвизи. Особена благодарност упати и до организаторите на годинашниот Охрид трчаТ“, за успешно реализираниот атлетски викенд, со рекордни 2200 учесници од 31 земја, соопштуваат од кабинетот на Сиљановска Давкова.