Американската порно-актерка Сторми Даниелс ја шокираше јавноста откако во едно гостување на телевизија ги опиша деталите со наводната афера со бившиот американски претседател Доналд Трамп, пренесува мондо.рс.
Ѕвездата на филмовите за возрасни тврдела дека аферата се случила во 2006 година и дека тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот.
Таа пред ри години објаснила дека Трамп, кој бил целосно гол, ја чекал седејќи на работ од креветот во хотелската соба.
„Едноставно се замрзнав и не знаев што да одговорам. Се соблече по долна облека и се смести на работ од креветот. Стана и рече: Ова е твоја шанса. Мораш да ми покажеш колку тоа го сакаш или едноставно сакаш да се вратиш во паркот со приколките?“, се присетила Сторми и додала дека тогаш имала сексуален однос со него.
“Тоа беа најлошите 90 секунди во мојот живот“.
Trump lawyer arranged payment of $130,000 in hush money to former adult film star Stormy Daniels a month before 2016 election so she wouldn't discuss alleged affair because #MAGA: https://t.co/Lb1VnZY6bA pic.twitter.com/dlw8hTWY4U
— Billy Corben (@BillyCorben) January 12, 2018
Голема врева се крена кога Сторми Даниелс тогаш тврдеше дека во март 2006 година, неколку месеци откако Доналд и Меланија Трамп го добиле синот Барон, бившиот американски претседател завршил во кревет со неа.
Во текот на истрагата за финансиските малверзации на бившиот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, обвинителите дојшле до информации за уплатите кои со помош на Коен стигнале до две жени – порно-актерката Сторми Даниелс и плејбој-зајачицата Карен Мекдугал.
Трамп негираше било каква сексуална врска со споменатите жени.