Германските фудбалери ќе добијат награда од по 400.000 евра доколку ја освојат европската титула на домашен терен, јави денеска агенцијата ДПА.
Според истиот извор, договорот за премиите е постигнат по интерни преговори во тимот, кои ги предводеле Илкај Гундоган како претставник на играчите, а од страна на синдикатот извршниот директор Андреас Ретиг.
Највисоките премии исплатени од Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) датираат од 2014 година за освојување на Светското првенство во Бразил, кога играчите добија по 300.000 евра.
Од тој тим на продолжениот список за овогодишното ЕП останаа само тројца – Мануел Нојер, Тони Крос и Томас Милер.
Европското фудбалско првенство во Германија ќе се игра од 14 јуни до 14 јули.