Нашиот пејач Мите Стоилков ќе биде дел од „Џеј трибјут бенд“, кој е основан во чест на познатиот пејач Џеј Рамадановски, пишува телеграф.рс.
Српскиот композитор Александар Радуловиќ Фута го основал бендот, кој ќе ги изведува исклучиво хитовите на легендарниот уметник , кои ги направија тој и неговата сопруга Марина Туцаковиќ.
Членови на бендот се помладата ќерка на Џеј, Марија Рамадановски, најдобриот пријател на Џеј, Зоран Јагодиќ Руле, како и нашиот пејач Мите Стоилков.
-Навистина сум изненаден што сум дел од овој тим. Сепак, Џеј имаше свој стил, така што ова е голема одговорност. За мене е голема чест да ги пеам неговите песни на настапи. Едноставно, тој секогаш живее со нас, изјавил Мите.