Минатиот викенд групата „Рамштајн“ одржа два концерта на Ушче, во Белград, со што го собори рекордот на ова концертно место.
После тоа, на социјалните мрежи се појави фотографија на која може да се види Тил Линдеман, пејачот на оваа група, на стоматолог во Белград, пренесува пулсонлајнрс..
„А зошто овие луѓе од Германија сакаат да си ги поправаат забите овде, ги имаме најдобрите стоматолози“, се пошегуваа корисниците на социјалната мрежа Икс.
„Троши се на бензин“, „Зошто да не. Кај нас нивното осигурување покрива се, „Најевтино кај нас“ , „Имаме најевтини цени, ништо друго“, следеа коментари.
A što vole ovi iz Njemačke da popravljaju kod nas zube, nema šta najbolje zubare imamo pic.twitter.com/5tZEBt2NcQ
— 𝕏 Tata Slavica – Noktarica 𝕏 (@NocnaTica) May 28, 2024
Светски познатиот бенд „Рамштајн“ во петокот и саботата одржа големи концерти во Белград, а за концертот се барало карта повеќе.