Според податоците на „Травел локал“, Костарика, Грција и Виетнам ќе бидат најпопуларните туристички дестинации во 2024 година. Туристичката компанија ги анализирала податоците за резервации за да ги открие најпопуларните дестинации, пишува порталот Бука.
Грција
Грција е прогласена за втора најпопуларна дестинација за посета, а октомври е наведен како најдобро време за одмор во земјата. Додека повеќето туристи во Грција се упатуваат кон места како Миконос, Санторини и Крит, има многу други помалку познати дестинации за посета, вклучувајќи го и полуостровот Пелион, каде што е познато дека летува локалното население.
Сместен помеѓу Атина и Солун, полуостровот Пелион излегува на Егејското Море и е дом на повеќе од 70 шармантни села и многу песочни плажи.
Костарика
Сан Хозе е едно од најпопуларните туристички места во Костарика, каде што се среќаваат посетители од целиот свет. Тој е и нејзин главен град, а преплавен е со места од историско, уметничко и културно значење. Доколку планирате патување во Костарика, задолжително посетете го Мануел Антонио, Ла Фортун во Сан Карлос, каде што се наоѓа познатиот вулкан Тамариндо, кој се карактеризира со прекрасни плажи и многу опции за спортови на вода.
Виетнам
Неизбежна дестинација во Виетнам е дефинитивно Ханој, кој е еден од најстарите градови во Југоисточна Азија, основан уште во далечната 1010 година под името Танг Лонг (Змејот во подем). Сепак, убедливо најпопуларната дестинација во Виетнам е заливот Халонг. Се наоѓа на североистокот на Виетнам во Јужното Кинеско Море, а исто така е на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Се карактеризира со повеќе од 3.000 нереални острови и магичен подводен свет.