МВР информира дека на 24.05.2024 во 10.50 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го привеле Ш.Н.(32) од Штип.
Кај приведениот при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба од Основен суд Штип биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и таблети трамадол.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.