Амбер Лук, позната под прекарот „Девојка змеј“ пред седум години си ги истетовирала очите во сина боја. Во изјава за медиумите таа признала дека тоа за неа претставувало најболна агонија, а поради третманот била слепа цели три недели.
Како што раскажала за британски Мирор, неодамна таа повторно отишла на тетовирање на очите, но сега додала и црни детали за да може нејзините очи да имаат „океанска длабочина“.
Амбер го раскажала своето прво, но и второ искуство со тетовирање на очите.
„Дозволете да ви раскажам приказна за мојата лична истрајност. Бев слепа три недели откако за првпат ги тетовирав очите пред седум години. Тоа само по себе беше најбруталната мачна агонија која сум ја искусила досега. Па зошто тогаш, по ѓаволите, тоа го направив повторно? Веројатно си го поставувате ова прашање“, напиша таа на својот инстаграм профил.
Амбер објасни дека не била задоволна со првото тетовирајќи.
„За овој момент чекав седум долги години, со цел да го доживеам она што го направив вчера. И не би му верувала на никој друг, осен на својот добар тату мајстор со кој контактирам веќе 6 години. Знаев дека сум во најдобри раце и бев 100 проценти во право. Од самата процедура па до опоравувањето. Не можам доволно да ви заблагодарам вам и на вашиот тим што допатувавте овде да ме запознаете и ми овозможивте да го искусам она што го замислив уште пред седум години“, напиша Амбер.
Дел од корисниците на социјалните мрежи искоментираа дека е храбра затоа што повторно се одлучила на оваа болна процедура.
„Изгледа многу кул. Драго ми е што овој пат сте имало подобро искуство“.
„Ова е толку неверојатно. Конечно сте го добиле тоа што сте го сакале и можете да заборавите на грдите спомени“ – се само дел од лекарите.
Меѓутоа лекарите се децидни дека се против вакви процедури. Објаснуваат дека тетовирањето на очите може да биде многу опасно бидејќи со себе носи бројни ризици меѓу кои целосно или делумно губење на видот, инфекција на очите, чувствителност на светло и така натаму.
Амбер е истетовирана од глава до пети и досега на тетоважи потрошила повеќе од 168 илјади евра.