Скопјанец на единствениот број за итни случаи 112 пријавил дека кај него, на улица „Драчевска“ во населба Драчевo, општина Кисела Вода, и кај неговите соседи се поплавени дворовите и подрумските простории од обилните врнежи.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), на улицата „Драчевска“ биле запушени одводните шахти.
Пријавителот, како што се наведува, информирал за случајот и очекува помош од надлежните служби да излезат на терен и да го отстранат проблемот.
Од ЦУК посочуваат дека комуницирале со Општина Кисела Вода и со дел од надлежните субјекти.
УХМР информира дека попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме