Зеленило во различни нијанси, кое се огледува во синилото на насобраните води во браната „Кнежево“. Ова е сликата збогатена со подмладокот на водените птици, кои овој мај го започнуваат животот на местото од каде се собира водата, која понатаму се дистрибуира до системите на општините Штип, Пробиштип и Свети Николе.
Браната „Кнежево“ се наоѓа на границата меѓу општините Пробиштип и Кратово, на надморска височина од 1.000 метри надморска височина, со акумулација од 23.500.000m3 вода. Во перспектива, со приклучувањето на општините Карбинци и Лозово, оваа брана ќе обезбедува вода за 100.000 жители.
Во следната фаза, се очекува да се обезбеди вода за наводнување на 4.500 хектари површина во атарот на општината Пробиштип како и за производство на електрична енергија.
Снимката е направена на 21 мај 2024 година.