Во четврток и во петок ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.
Минималната утринска температура ќе биде во интервал од 8 до 16. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени.