Со чартер-лет од Амстердам денеска на охридскиот аеродром допатуваа првите туристи од земјите на Бенелукс кои организирано преку пакет аранжмани на туристичката агецнија „ТУИ Аркетравел“ ќе летуваат на охридската ривиера.
Со првиот лет сезонава до Охрид допатуваа 138 туристи кои ќе бидат сместени во некои од сместувачките капацитети со кои соработува „ТУИ“.
Предвидено е во текот на летната сезона до крајот на септември агенцијата „ТУИ“ да реализира 62 лета до Охрид, со можност за воведување дополнителни летови зависно од интересот.
На 12 мај исто така со лет од Амстердам веќе допатуваа и првите туристи кои имаа закупено аранжмани преку агенцијата „Корендон“, која за оваа сезона засега има предвидено да реализира 32 лета од Холандија за Охрид.
Холандските туристи се меѓу најбројните на охриската ривиера, во голем дел благодарение на холандскиот писател А. Ден Доолард која во својот роман „Свадбата на седумте цигани“, кај нас преведен како „Свадба во Охрид”, пишува за неговиот престој во Охрид и неговата богата историја и културно наследство.