Нокеска во скопската населба Кисела Вода е запален автомобилот на Зоран Јовановски, директорот на затворот „Идризиово“.
МВР го потврди инцидентот.
-На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во информацијата од МВР.