МВР денеска информира и за тепачка меѓу две жени.
Според полицискиот извештај, на 13.05.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.К.(48) и Љ.Д.(49), двете од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Уште една тепачка денеска во 02.50 часот била пријавена во СВР Скопје.
И.М.(21) од с.Ржаничино, скопско, пријавил дека во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, меѓу кои биле и М.Ш. од с.Сарај, скопско, А.Н. и Ѓ.К., двајцата од Скопје.
Исто така, во 03.00 часот, П.Т.(20) од с.Ржаничино пријавил дека околу 02.30 часот во истиот угостителски објект, тој и Х.Т.(19) биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и стаклени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.