По разговорите меѓу Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ и Арбен Таравари од Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, начелно било постигнат договор за формирање на новата влада, како и договор за министерските места. Ова го пишува ИН7 од извори во ВЛЕН.
Според медиумот на албански јазик, ВЛЕН ќе има 4 министри, 300 директори и претседател на Собранието.
Во меѓувреме, се огласи Артан Груби од ДУИ, кој се пофали дека Европскиот фронт е втора сила во земјата за прв пат во историјата на земјата.
„Европскиот фронт е победник на парламентарните и претседателските избори.
Европскиот фронт има 19 пратеници, опозицијата 13 пратеници. Европскиот фронт е втора сила во земјата, за прв пат во историјата на земјата. Али Ахмети повторно бележи голема победа и останува непоразен на политичката сцена во земјава.
Европскиот фронт има двојно мнозинство во Собранието“, напиша Груби.