Јована Тренчевска, која беше министер за турд и социјала, на социјалните мрежи објави дека се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ.
-Благодарам на сите граѓани кои вчера излеговте и го дадовте својот глас за промени по ваша мерка! Денес се повлекувам од мојата функција како Претседателка на форумот на жени на СДСМ. Верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро, напиша таа.
Тренчевска рече дека:
-Од партиските структури се повлекувам целосно, одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја изневерила довербата која ми е дадена, а од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица кои се неизвалкани од бремето на претходните функционери, напиша меѓу другото таа.
Погледнете што друго напиша во нејзиното образложение:
Благодарам на сите граѓани кои вчера излеговте и го дадовте својот глас за промени по ваша мерка!
Денес се повлекувам од мојата функција како Претседателка на форумот на жени на СДСМ.
Верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро! pic.twitter.com/Fs5mPvFDpB
— Jovanka Trenchevska (@j_trenchevska) May 9, 2024