Повеќе деца се повредени откако конструкција на рингишпил се урнал денеска околу 13:30 часот во градот Куршумлија во Србија, пренесуваат српските медиуми.
Сеуште не се знае точно колку деца се повредени, но се наведува дека едно 13 годишно дете е во кома , а додека друго дете се има здобиено со тешки повреди и е пренесено во болницата во Ниш.
„Тешко повреденото девојче е пренесена во болницата во Ниш. Таа е реанимирана и се наоѓа во многу лоша состојба.Останатите деца се пренесени во болницата во Прокупље, а дел од нив се пуштени на домашно лекување“, пишуваат српските емдиуми.