До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2472 избирачки места, информираат од ДИК. – Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95 %. Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.28 %. Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.49% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7%, се вели во инфомацијата од ДИК. До 13 часот пристигнати се и податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2348 избирачки места. -Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25.84%. Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 %. Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2.03 % на овие избори. Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна: Изборна единица 1 31.18 % Изборна единица 2 23.91 % Изборна единица 3 29.18 % Изборна единица 4 26.40 % Изборна единица 5 25.04 % Изборна Единица 6 16.71 %, информираат од ДИК. До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка. Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија. Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. |