Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, 8 мај 2024 година, Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР утре ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“ – информираат од МВР.