Ако имате сомнеж во себе и чувствувате дека сте со мала самодоверба – не сте сами. Некои проценки говорат дека 85 отсто од луѓето ширум светот имаат ниско ниво на самодоверба.
Сепак, тоа е вештина односно нешто на што можеме да работиме и да го подобриме со текот на времето.
Постојат пет техники кои може да ви помогнат да ја зајакнете вашата самодоверба за 30 дена:
Почнете да се споредувате исклучиво со самите себе
Дали некогаш сте се споредиле со некого? Психотерапевтката, Ејми Морин наведува дека според истражувањата, кога луѓето се споредуваат со другите тие чувствуваат завист. А колку позавидливи се, толку полоша слика имаат за тебе. Таквите споредби може да ја искриват перцепцијата за сопствените достигнувања и поради тоа не можеме да видиме колку вредиме. Така што, единственото решение е да почнеме да се споредуваме со нашата сопствена верзија од вчера.
Како да го промените ова во следните 30 дена:
Водете дневник – Документирајте ги вашите достигнувања, независно колку мали ви изгледаат. Размислувањето за сопствениот раст може да ви даде неверојатна сила.
Поставете лични мерила – Наместо да го мерите својот успех во однос на другите, поставете сопствени цели и славете кога ќе ги постигнете.
Ограничете ја изложеноста на социјалните мрежи – Намалете го времето кое го поминувате на платфомите на Интернет или барем фокусирајте се на содржини кои ве инспирираат, а не предизвикуваат завист.
Дружете се со самоуверени луѓе
Опкружувањето може да има силно влијание на нас. Доколку поминуваме време со луѓе кои се позитивни, образовани, самоуверени и среќно, со текот на времето таа енергија ќе премине и кај нас. Мотивациониот говорник, Џим Рон еднаш изјавил – „вие претставувате просек од петмината луѓе со кои највеќе комуниирате“.
Некои се согласуваат со ова, а некои не, но она што е сигурно е дека луѓето со кои поминуваме голем дел од нашето време имаат огромно влијание на тоа кои сме. Прихолозите би можеле тоа да го наречат „социјална зараза“. Како што наведуваат експертите, ова е процес во кој информациите, ставовите и емоции бргу се шират без рационално размислување или некоја поебна причина.
Како да го примените ова во својот живот во следните 30 дена:
Следниот месец одвојте барем еден момент за да размислите за луѓето кои ве опкружуваат. Еве како можете да ја промените соијалната динамика за да ја зголемите сопствената самодоверба:
Дајте му приоритет на времето поминато со оние пријатели кои имаат самодоверба. Потрудете се да поминувате што е можно повеќе време со оние кои прават да верувате во вашите способности.
Ограничете го времето со оние кои ви влијаат негативно. Иако е важно е да им бидете поддршка на пријателите, негативните луѓе кои се полни со песимизам може да ви ја одземат енергијата, а тоа да влијае на вашата самопочит. Сосема е во ред да поставите граници за вашата сопствена благосостојба.
Поставете реални цели
Повеќе од нас имаат одредени цели, но проблемот е во тоа што тие често се преголеми и делуват застрашувачки. Терапевтот Џени Менпа советува големите цели да ги поделите на помали делови кои можат да се „проголтаат“. Овој пристап не само што ги прави вашите цели достижни туку заштитува и од обесхрабрување.
Како да го примените ова во сопствениот живот во следните 30 дена:
Разделете ви своите цели – Почнете со главните цели и наведете ги сите помали задачи кои се потребни за тие да бидат постигнати.
Одредете ги приоритетите – Одрете кои цели се најкритични и почнете со нив. Ова ќе ви помогне да останете фокусирани.
Одредете рокови – Како што вашата главна цел треба да биде временски врзана, така треба да бидат и помалите цели бидејќи ова ќе ве одржи на вистинскиот пат.
Извор: sensa.mondo.rs