Претседателските избори беа едно одлично искуство за Левица како партија и дефинитивно со нив го положивме матурскиот испит на зрелоста, веќе никој не може да каже дека Левица е мала партија, потенцираше во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77, лидерот на партијата Димиктар Апасиев.
- Има сплет на околности кои дадоа ваков резултат, меѓутоа сметаме дека одлично беше ова наше искуство, да имаме претседателски кандидат и веќе Левица не може да се класифицира како мала партија, бидејќи сама без помош на никого успеа за пет-шест дена да собере потписи, вели Апасиев во Стадион.
Вели дека главните избори се овие кои следуваат и според Апасиев туека е целосниот кредит на Левица.
- Се кладам дека Левица ќе има подобар скор на парламентарни отколку ЗНАМ. Нивниот капитен го достигна максимумот и излегува од игра, додека нашиот капитен допрва влегува. Парламентарните се изборите каде ние сме најмногу препознатливи. Кога ќе речете опозиција веднаш ви текнува на Апасиев и Крмов во собрание, како демолираат, како се караат и се тепаат со Џафери, нагласува првиот човек на Левица, Димитар Апасиев.
Во најновото издание на Стадион, Апасиев отворено говори и за антиалбанизацијата и начинот на кој тие го покажуваат национализмот, класифицирајќи го ДПМНЕ, како што вели во глумец и дел од театар во кој ВМРО е против ДУИ само за време на кампања. Целосното интервју со Апасиев, на линкот подолу.