Тажна вест во семејството на Тоше Проески. Почина Никола Проески, неговиот татко, кој го сметае за звезда-водилка.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, односно сестрата на Тоше. .
„Светол патот, татко мој“, напиша Дора.
По смртта на Тоше, Никола само еднаш се огласи во јавноста и тоа во 2015 година кога беа објавени снимки од СДСМ според кои тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески и Елизабета Канческа-Милевска зборуваат за наводна партиска непослушност на семејството на Тоше.
Тогаш тој изјави:
„Праќам апел до целата јавност до сите Македонци, Албанци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, Турци и сите останати, јас Никола Проески велам ако сме криви нека излезе правдината на мегдан и ве замолувам да ми ја оставите фамилијата на раат, посебно син ми Тодор“, изјави тогаш тој за 24 вести