МВР информира за апсење на двајца срби, едниот дивеел на Мегународниот аеродром во Скопје, додека другио на аеродромот бил уапсен, бидејќи бил баран поради криумчарење мигранти.
-На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка, информираат од МВР и додаваат:
-На 29.04.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.М.(39) од Скопје, затоа што при пасошка контролa било констатирано дека бил баран поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, се вели во соопштението на МВР.