Утрово подрачјето на Кладово го погоди силен земјотрес. Како што сведочат граѓани, во моментот на земјотресот се треселе креветите.
„Во 7 часот и 42 минути по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала во регионот на Кладово. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвика помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресот бил на длабочина од 11 километри.
Кладовчанец за мондо.рс вели дека земјотресот бил почувствуван силно.
„Имаше силно тресење, креветот се нишаше. Утрово околу 7 часот и 45 минути го почувствувавме тресењето, веднаш истрчавме од куќата“, изјави за мондо.рс Бобан од Кладово.