Резултатите од првиот круг од Претседателските избори, водат кон очекување дека коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе добие 61 пратеник, поради што нема потреба од покана за нови коалициски партнери. Ова е ставот на Рахела Мизрахи од листата на пратеници од ИЕ 3, која во „Стадион“ кажа дека по разликата од над 180.000 гласови во корист на нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова, се прават клалкулации за број на пратеници по изборни единици и што тоа би значело.
-Во овој момент мислам дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата немаат потреба да размислуваат за коалициски партнери порад тоа што е многу веројатно дека ќе се стигне до 61 пратеник. За понатаму нормално ќе се разговара и ќе видиме кои од партиите ќе можат да се прилагодат на нашата програма и да ја застапуваат, кажа Мизрахи.
На прашањето дали повикот за обединување упатен кон ЗНАМ и Левица важи и за СДСМ, Мизрахи не очекува дека таа покана ќе се пришири и кон други партии.
-Претседалот на партијата (Мицкоски н.з.) е математички прецизен во својот вокабулар, и точно се знае кон кого е повикот. Не верувам дека СДСМ е спремен. Ќе му треба време за промена на раковдство, за реорганизирање, за да застане на свои нозе. Сметам дека во една држава треба да има здрав СДС. Овој, за жал, не е таков, одговори Мизрахи.