Носителот на листата за пратеници на Левица во ИЕ 3, Борислав Крмов денеска имаше средба со граѓани во Градскиот пазар во Штип, каде што на граѓаните им ја презентираше програмата. Посочи дека граѓаните најтопло ги прифаќаат, бидејќи како што вели, Левица е единствената автентична, непотпуклива опција, а тоа директно го покажале во Собранието.
-Очекувањата во Изборната единица три се дека Левица ќе има два до три пратеника, ова е една од најпатриотските Изборни единици и затоа ние сме толку силни. Значи ова е една работничка и земјоделска изборна единица, вели Крмов.
Тој посочи дека на парламентарните избори на 8 мај очекуваат поголема поддршка од граѓаните, а како што вели Левица првпат учествувале на претседателски избори и собирале потписи од граѓаните.
-Тоа е еден процес кој се учи, резултатот воопшто не е лош. Сите знаат дека Левица типува на Парламентот и на 8 мај ќе имаме одличен резултат, изјави Крмов