Седумгодишно девојче од Алабама, кое неодамна ја загуби мајка си, решило да отвори штанд со лимонада за да собере пари за надгробната плоча на нејзината мајка.
Емур Џонсон ја загуби својата мајка Карли Борднер во март, кога Карли ненадејно почина непосредно пред нејзиниот 30-ти роденден.
Кога Емур и нејзината нана Џенифер првпат го посетиле гробот на нејзината мајка, таа забележала дека нема соодветна надгробна плоча. Чувствувала дека нејзиниот гроб е изоставен и осамен во споредба со другите гробни обележја на гробиштата.
Кога нејзината нана објаснила дека семејството нема пари да подигне надгробна плоча, Емур решила да дејствува. Таа отворила штанд со лимонада за да собере пари. И покрај нејзините скромни почетоци со четири лимони, таа брзо го привлече вниманието на минувачите, а донациите почнаа да се слеваат.
Девојчето првично не ја спомнало својата цел, но брзо се проширила веста, што ги поттикнала луѓето да ги поддржат нејзините напори. Дури и со лимонадата по цена од само еден долар, минувачите често даваа многу повеќе. Емур рече дека најмногу добила 300 долари за чаша лимонада.
Благодарение на големиот одзив во јавноста, компанијата за споменици понудила донација за надгробната плоча. Емур собрала околу 15.000 долари на штандот, што ќе и овозможи да ги покрие трошоците за погребот на нејзината мајка и да подигне соодветно спомен-обележје.
Нана Емур ја сподели веста на Фејсбук, заблагодарувајќи им се на сите за поддршката и посочи дека ова е една од најболните, но и најубавите ситуации кои ги доживеале, со помош на нивната заедница, пишува магазинот Феникс.