Сараевските медиуми пишуваат дека на сцената ќе се врати легендарниот бенд „Плави оркестар“ кој се очекува да настапи прв пат по пет години на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар„, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето Нови Примитивци, во кое беа вклучени и Забрането пушење, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во вкупно над 5 милиони примероци, а неколку пати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.