Дел од извештаите на светски медиуми/агенции за претседателските избори во Македонија.
Beta
– Во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија води кандидатот на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), врз основа на повеќе од половина од гласачките ливчиња обработени од избирачките места. Според веб-страницата на ДИК, Силјановска Давкова добила 197.741 глас или 37,80 отсто на 59,61 отсто од избирачките места, а нејзиниот главен противкандидат, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој е поддржан од владејачката СДСМ, доби 97.592 гласови или 18,66 отсто.
Reuters
– Северномакедонскaтa претседателскa кандидатka Гордана Силјановска-Давкова има големо водство пред актуелниот претседател Стево Пендаровски со преброени гласови од речиси 70 отсто од избирачките места во средата, но и на двaта кандидата имаат многу помалку од 50 отсто потребни за целосна победа во првиот круг. Силјановска-Давкова од десничарската ВМРО-ДПМНЕ имаше 38,71 отсто гласови, а социјалдемократот Пендаровски со 19,02 отсто, соопшти Државната изборна комисија. Бројките сугерираат дека ќе има втор круг меѓу двајцата водечки кандидати, на 8 мај. Гласањето за главно церемонијалното претседателство се смета за латмус- тест за парламентарните избори следниот месец на кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги собори владејачките проевропски и централно-левичарски социјалдемократи.
DPA
Кандидатката на најголемата опозициска партија, Гордана Силјановска-Давкова од националистичката ВМРО-ДПМНЕ, очигледно победи во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија. Седумдесетгодишната професорка по право доби 39,8 отсто од гласовите по пребројани 80 отсто од избирачките места, објави државната изборна комисија во средата доцна навечер во Скопје. Актуелниот претседател Стево Пендаровски (61), кој е поддржан од владејачките Социјалдемократи (СДМС), беше зад Силјановска-Давкова со 19,4 отсто од гласовите. Трет е министерот за надворешни работи Бујар Османи со 14,3 отсто од гласовите. Тој е член на албанска партија ДУИ кја е дел од владината коалиција.
БТА
Со 59,59 отсто од гласачките ливчиња обработени од Државната изборна комисија, претседателскиот кандидат предложен од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска води со 37,80 отсто пред останатите кандидати на претседателските избори во Северна Македонија. Вториот резултат е за претседателот на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски – 18,66 отсто, за Бујар Османи, номиниран од коалицијата „Европски фронт“, предводена од најголемата албанска партија ДУИ Бујар Османи гласале 15,63 отсто од гласачите.
Der Standart
Скопје – На претседателските избори во Северна Македонија, конзервативната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова јасно надвладеа против актуелниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните резултати, кандидатката од опозициската ВРМО-ДПМНЕ добила 36,99 отсто од гласовите, Пендаровски 18,18 отсто. Следува министерот за надворешни работи Бујар Османи со 16,44 отсто. Бидејќи никој не постигна апсолутно мнозинство гласови, ќе има втор круг избори на 8 мај. зш/
– АP (Associated Press)
Северна Македонија ќе оди во втор круг од претседателските избори откако ниту еден кандидат не обезбеди доволно гласови за да победи целосно во првиот круг од гласањето во средата што се одржа додека земјата се обидува да влезе во Европската унија. Вториот круг на гласање на 8 мај ќе се совпадне со парламентарните избори. Прелиминарните резултати покажаа силна промена во корист на кандидатот поддржан од главната опозициска коалиција на десниот центар, ВМРО-ДПМНЕ. Со преброени 74,72% од гласовите Гордана Силјановска Давкова беше далеку пред со 39,50% од гласовите за актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој бара втор петгодишен мандат со поддршка од владејачките социјалдемократи во земјата, и според Државната изборна комисија имал 19,30 отсто. По него следува кандидатот од етничкото албанско малцинство, кој е сојузник на владата, министерот за надворешни работи Бујар Османи, со 14,38%. Во Северна Македонија се големи надежите дека претседателот ќе го надгледува долгоочекуваниот влез во ЕУ. Малата балканска земја орбитира околу 27-члениот блок речиси две децении, без малку да покаже за нејзините напори.
Tanjug
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Северна Македонија Гордана Силјановска Давкова води со освоени 37,80 отсто од гласовите на денешните избори, додека актуелниот претседател Стево Пендаровски освоил 18,66 отсто од гласачите, покажуваат првите резултати на Државната изборна комисија. Како што е објавено на веб-страницата на ДИК, Силјановска Давкова освоила 197.741 глас, а Пендаровски 97.592 гласа. Третото место го зазема Бујар Османи, кој е поддржан од Европскиот фронт со 15,63 отсто од гласовите.