Вкупно 113 болни и изнемоштени од Росоман и Демир Капија ќе гласаат утре, петмина од затвор. Сите тие ќе гласаат еден ден пред изборите за претседател на државата, што ќе се одржат во среда, согласно на законот.
– Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштени лице ќе гласа утре, како и двајца од затвор, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.
Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, утре ќе гласаат 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор. Овде има вкупно 3.216 гласачи