Државниот инспекторат за заштита на животна средина ја почна постапката за увид во случајот кога при транспорт на откопана стара цистерна во центарот на Штип, дојде до излевање на нафта.
-За случајот е задолжен државен инспектор од Кавадарци, не’ информираа од Инспекторатот.
Задачата на инспекторот ќе биде да направи преглед на постапките и активностите што претходеле пред вчерашното излевање на нафтата и секако транспортот на цистерната. Особено дали фирмата ангажирана за транспорт на цистерната има сертификат за транспорт на запаливи и опасни материи.
Како што веќе информиравме, при изведување на градежни работи на поставување на катна гаража, беше пронајдена стара цистерна, за која не се знаело дека е на тоа место. Се препоставува дека служела како резервоар за гориво за загревање на некогашната стоковна куќа „Нама“.
Улицата каде се излеа нафтата сега е посипана со песок, што во следните денови ќе треба да се собере. Овој дел од градот се’ уште мириса на нафта.
Прочитајте повеќе на:
В.К.