Уште утрово во 9.50 часот примена е дојава за пожар во Универзална и веднаш се испртени две возила од Тафталиџе, но поради високиот чад тие побараа и дополнителна помош, рече Звонко Томевски, командант на ППЗ на Град Скопје, по пожарот во Универзална сала.
-Интервениравме до девет возила и 24 пожарникари. За кусо време, благодарение на пожртвуваноста на колегите, пожарот беше ставен под контрола, иако имаше висока температура во објектот. Би сакал да се заблагодарам на полицијата и Комунална хигиена и Водовод кои конинуирано не снабдуваа со вода. Причините ќе ги утврди полицијата. Нема повредени од колегите, немало градежни работници во моментот. Има оштетување на околните објеки поради високата температура, но за среќа нема повредени. Штетата сега не може да ја констатираме. Настана колапс на кровната конструкција, се уше се работи на догаснување, има висока температура и не може да се влезе, додаде тој.
На новинарско прашање за проблемот на пристап до хидрантите Томевски кажа:
-За жал тоа е стара болка, на хидрантската мрежа ние не се потпираме, се трудиме да донесеме вода, за да бидеме поефикасни. Тие проблеми се константни. Но, тоа не е најголем проблем. Најголем проблем се пожарникарите, кои ги немаме во доволен број. Апелирам до властите дека што е можно поскоро да се вработат пожарникари, функционираме со 40 проценти, а доаѓа лето. Навистина не знаеме како ќе се одвиваат работите, рече Томевски