Познатиот извор на лажни вести и невистини, Александар Николовски штанца лаги и сее магла затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски, реагира СДСМ на денешните изјави на ВМРО-ДПМНЕ за наводни сомнителни тендери во ТЕЦ Неготино.
„Граѓаните гледаат кулминација на нервозата коишто ја манифестираат претсатвниците на ДПМНЕ додека нивната кандидатка никаде ја нема.
ДПМНЕ немаат понуда пред граѓаните ниту план за иднината, немаат што да им кажат на граѓаните. А немаат ниту поддршка од граѓаните на празните митинзи.
Затоа се нервозни и се обидуваат да ја сменат темата.
СДСМ нема да се занимава со нивните лаги. СДСМ, Ковачевски, Пендаровски имаат јасен план и визија за европска иднина и тоа го претставуваме пред граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.