Прв чекор како претседател ќе ми биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија, затоа што барањата од таа страна веќе го надминаа тој договор како таков! Ова го кажа кандидатот за претседател од Левица, професрката Биљана Ванковска, која беше на средба со граѓаните на Штип.
-Се чудам зошто досегашните властодршци не го направија тоа затоа што барањата од Бугарија веќе го надминаа тој договор како таков, веќе се преточија во Француски предлог и преговарачка рамка. Нас не не чини ништо да постапиме по членот 13, да поднесеме една нота за раскинување и после да почнеме да ги препреговараме позициите. Ние немаме проблем со бугарскиот народ туку со бугарската Влада, која впрочем не може ниту да се конституира, порача Ванковска од Штип.
Таа се прошета низ пазарот и рече дека нејзин најголем адут е што е сама против шестмина и дека она од што се состои во нејзината програма нема да го најдат кај никој друг.
-Граѓаните бараат некој јасно да го каже она што тие не смеат, додаде таа на средбта со штипјани.
На средбите, Ванковска придружувана од пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиум на Левица, Александар Симонов, разговараа со штипјани за моменталната ситуација во државава и за изборната програма на Ванковска. На граѓаните им беше поделена и програмата за кандидат за претседател на Билјана Ванковска.