Драган Мијалковски е икона на македонската забавна музика, палеше и жареше за време на ек Ју, а за тоа сведочат големиот број награди, победи, турнеи, настапи. Секако и песни, од кои дел отпеа вчера вечерта во Македонска филхармонија.
Драган прослави јубилеј, 60 години кариера, заедно со обожавателите на неговата музика и покрај незаборавните песни во текот на концертот раскажуваше анегдоти кко се создавале хитовите.
Концертот почна величествено во придружба на ревискиот оркестар со 40 музичари, составен од членови на Националнот џез оркестар и гудачи од Македонската Филхармонија и НОБ, со одата „Скопје младост моја“, а потоа публиката „Оди си“, „Моја малечка гулабице“, „Иди душо моја“, „Перонот 3“, „Кажи нешто, драга“, „Бегај, Марија“, „Лебеди пловете“, „Убава си како музика“, „Кажи ми“ … А тој цели два часа го држеше вниманието како да е во ек на кариерата иако зад себе има 74 години и полн кофер искуство. Поддршка на Драган му беа гостите Жаклина Стевковска и Зорица Поп Панкова, кои испеаа свои песни.
Во неговата кариера не се забележани само хиови од забавната, туку и од народната музика, па не ја испушти можноста да не посеи и на „Дојди Лено на перниче бело“, во придружба на хармоника на Горан Алачки, кој е композитор на оваа песна.
Колку публиката е желна за македонска музика, односно колку ги почитува и сака песните на драган покажаа аплаузите, овациите и секако, без бис не можеше да заврши.
На крајот Мијалковски побара да се изгради концертна сала којашто ќе има 5 илјади седишта, што секако е желба и на сите.
Фото: Вангел Тануровски