Албанецот Ѓин Ѓерѓи (52) успеал да направи „хаос“ со британските институции кои сега не можат да му го одземат државјанството ниту да го депортираат иако е осуден за силување на малолетничка.
Ова следи откако британските институции, како што пишува Дејли Мејл , ги „занемариле“ доказите од пред 20 години, со кои се докажало дека Ѓерѓи ги измамил властите за својот идентитет.
Тој изјавил дека побарал азил откако дошол од Косово, кое било во војна. Така добил англиски пасош и таму го продолжил животот. Во 2005 година успеал и да ја донесе и сопругата од Албанија.
Иако Министерството за внатрешни работи на Велика Британија подоцна дошло до документи кои докажуваат дека тој лажел за своето потекло и вистинската причина зошто побарал азил во Англија, сепак не му било одземено британското државјанство.
Ѓин Ѓерѓи сега е осуден на 6 години затвор откако силувал малолетничка. Тој успеал да ја убеди девојката да влезе во автомобилот, а потоа ја силувал Но, иако требаше да биде депортиран во Албанија и да му биде одземен британскиот пасош, Ѓерѓи останува во Британија. Стариот проблем, кој го занемарило Министерството за внатрешни работи, од пред неколку децении кога беше откриена неговата измама, го внесе случајот во институционален лавиринт.
Запрашан од судиите, Ѓерѓи изјави дека се чувствува многу добро во Англија и дека не сака да се врати во Албанија бидејќи таа била опасна земја.
„Добар сум овде, удобно ми е. Не сакам да се вратам во Албанија, таму има лоши луѓе“, вели тој.
Сега на теренот топката е префрлена на Министерството за внатрешни работи, кое според официјалните лица, во овој случај не си ја завршило работата, или го запоставило случајот.