Рејчел Вајтинг (39) од Велс открива зошто се откажала од интимноста и како изгледа животот во целибат. Откако ги изгубила сопругот и сестра си, таа решила целосно да го промени животот. Рејчел Вајтинг (39) од Велс привлече големо внимание на ТикТок бидејќи ги повика сите луѓе да изберат целибат. Во голема исповед таа откри дека го изгубила сопругот во 2011 година, а потоа и сестрата во 2022. Сега научила да биде дисциплинирана и нема желба за интимна врска бидејќи станала подуховна. Таа детално раскажа како изгледа целибатниот живот.
“Ќе останам во целибат до мојата смрт поради мирот, среќата и бистрината што ги стекнав. Исто така забележав дека почнав да изгледам и да се чувствувам десет години помлада. Тоа дефинитивно го смени процесот на стареење. Никогаш не сум осамена, и покрај што луѓето постојано претпоставуваат дека ќе бидам“, објаснила Рејчел.
Таа била во врска три години, а потоа решила да се посвети наисцелителство. Таа истакна дека нејзиниот живот е драстично променет, а на тоа поткрепува и тоа што денес е терапевт за опоравување од врските и злоставувањето. „Луѓето мислат дека сум осамена или копнеам по партнер, но сосема е спротивно затоа што не ја менувам мојата енергија со друга личност. Не се чувствувам приврзана за некој кој би можел да ме повреди и да ми предизвика стрес, нервоза и депресија “, објасни таа..
„Не секој има ист морален компас како мене затоа што не користам партнери за да ги прикријат моите рани од минатите трауми. Сега сум толку исполнета со мојот живот, хоби, авантури, па дури и секојдневие. Откако излегов од врска, не сакав да се враќам на состаноци и да скокнам во друга врска надевајќи се дека работите ќе се подобрат Сакав да бидам сама. Не сум фокусирана на наоѓање партнер или барање врска, фокусирана сум на себе и тоа ми донесе самодоверба, но не ароганција, туку јасност и нов поглед на животот“, објасни таа и додаде дека сега се чувствува помлада.
„Како бонус, сега изгледам дури и помладо. Веројатно тоа е поради помалиот стрес во мојот живот. Луѓето се шокирани кога ќе дознаат дека имам 39 години, со 21-годишна ќерка и 14-годишен син. Мислат дека имам 29 години. Јас сум многу отворена и транспарентна за целибатот и тоа би го препорачала на секого“, рекла Рејчел.
Погледнете го видеото на мондо.рс каде таа зборуваше за целибатот: