Царинската управа (ЦУ) информира дека почувајќи од вечерва на полноќ, во 00:00 часот, до 23:59 часот во среда, поради најавениот дводневен штрајк на царинските служби во Грција, на граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, освен за расипливи стоки.
Според ЦУ која се повикува на информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје, патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...