Жичницата од утре, вторник (2.04.2024 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.