„Институциите ќе ги доближиме до граѓаните. Планираме формирање на ‘Мобилни канцеларии’, посебно наменети за руралните средини. Услугите за граѓаните ќе бидат подостапни и со помалку трошоци“ рече Претседателот на Собранието и носител на ИЕ5, Јован Митрески на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.
Тој додаде дека изминатиот период е постигнат напредок и направено е многу, но и дека е воспоставен систем кој почнува да дава резултати.
„И тоа во сите области, а што е најважно во делот на демократијата, човековите права, но и во однос на животниот стандард. Но тоа не е доволно. Не чека уште многу работа. Не смееме и нема да им да дозволиме на оние без визија, без план и без идеја повторно да не вратат децении назад“ рече Митрески. Претседателот на Собранието рече дека мора да се продолжи напред по зацртаниот пат и да се донесат европските вредности и стандарди дома. „Како Македонци, со свој македонски идентитет, со свој македонски јазик, култура и посебност да влеземе во европското семејство“ рече Митрески.