Топ Ган: Маверик постигна одлична гледаност, но се очекува да се сними и трет дел на еден од најгледаните филмови со Том Круз.
Гласините за можното снимање на третиот филм се појавија на почетокот на оваа година, а сега ги потврди и еден од продуцентите на филмот. Тој исто така потврдил дека Том Круз ќе се врати како Пит „Маверик“ Мичел и дека многу му се допаднало третото продолжение.
Продуцентот Џери Брукхајмер работеше на Топ Ган од 1986 година и Топ Ган: Маверик од 2022 година, а се чини дека ќе работи и на третиот филм.
„Том Круз ќе глуми. Том е неверојатен. Поминавме време со него и ја имаме приказната. Џо Косински имаше одлична идеја за приказна и Том Круз рече дека навистина му се допадна, па ние ја развиваме. Но, не се знае кога ќе се снима бидејќи Том е многу зафатен. Моментално работи на „Невозможна мисија“ и веќе има проект после тоа. Се надеваме дека ќе добиеме сценарио кое ќе му се допадне и дека ќе почнеме да работиме “, рекол Брукхајмер, пренесува Колидер.
Акционото продолжение од 2022 година заработи 1,4 милијарди долари и доби одлични критики, пишува Колидер.
Тоа ја потврдува и оценката што филмот ја доби на Rotten Tomatoes. Врз основа на 476 критики, критичарите го оценија со високи 96 отсто, а со преку 50.000 критики од публиката, Топ Ган: Маверик беше оценет со 99 отсто.