Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките Нестле Кит Кат мини поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.
Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.