Штом пристигнат првите сончеви денови, сите некако сме подобро расположени. Имаме потреба секој слободен момент да го поминеме надвор и да уживаме во природните убавини. Уште поубаво е кога тие моменти можеме да ги споделиме со некого – затоа многумина велат, дека најубаво е кога човек е вљубен во пролет. И додека за некои хороскопски знаци овој дел од годината ќе донесе деловни успеси или финансиска добивка, на оние кои се најголеми среќници ќе им „процвета“ љубовта.
Астролозите тврдат дека ова важи особено за три знаци, во чиј живот ќе се случи пресврт во следните неколку месеци, но во позитивна смисла.
Имено, ќе запознаат личност која би можела да биде нивната сродна душа.
Значи, судејќи по сѐ, припадниците на овие знаци многу наскоро ќе ја пронајдат својата среќа во љубовта.
Бик
Биковите се познати по нивната трпеливост, но се чини дека на чекањето конечно му доаѓа крајот.
Оваа пролет на Биковите ќе им се пружи шанса за запознавање на некој посебен кој би можел да го промени нивниот љубовен статус. Ѕвездите ќе ги поттикнат Биковите да покажат храброст и да бидат отворени за нови познанства. Исто така, би требало искрено да зборуваат за своите чувства за да може да очекуваат дека и другата страна ќе го направи истото. Дури и Биковите кои се во врска, ќе го подобрат својотљубовен статуд, односно уште повеќе ќе се поврзат со својот партнер. За многумина тоа ќе значи дека ќе треба да се одлучат на нов чекор, односно почеток на заеднички живот.
Близнаци
Близнаците оваа пролет „ќе изгубат глава“ односно ќе запознаат личност за каква што отсекогаш сонувале. Можеби ќе им се чини дека е предобро за да е вистинито, но Близнаците во текот на следните неколку недели ќе одат со главата во облаците и тешко ќе може да се фокусираат на што било друго. Тие дефинитивно не треба да бидат загрижени бидејќи „новопечениот“ однос ќе има голема предиспозиција да прерасне во нешто сериозно на долг рок.
Инаку, близнаците добро учат од сопствените грешки, па сигурно е дека оние од минатото нема да ги повторат во новата врска, а клучот лежи во тоа да бидат потолерантни и помудри, односно да покажат поголема емоционална зрелост.
Риби
И на Рибите оваа пролет ќе им се случат убави работи на љубовно поле.
Ќе доживеат романтични моменти поради кои срцето повторно забрзано ќе им чука. Дури и срамежливите припадници на овој воден знак ќе ја разбудат својата скриена смела страна па можеби ќе се одважат да го направат првиот чекор, а Ѕвездите ќе ги наградат за тоа и ќе им дадат шанса за среќа. Новозапочнатата врска на Рибите ќе им донесе стабилност во животот. Се работи за посебен однос кој би можел да биде дури и доживотен. Затоа, Риби, само напред – Ѕвездите се на ваша страна, искористете ја вашата шанса и без страв препуштете се на новото прекрасно поглавје во вашиот живот.