Алка Вуица е на избирачкиот список на СДП, што изненади многумина. Пејачката е на 14 место во шестата изборна единица.
Алка Вуица се приклучи на СДП во 2022 година.
„Алка Вуица е нашата нова членка! И посакуваме добредојде, сигурни сме дека со својата енергија и знаење ќе придонесе за нашата партија. Се радуваме на секој нов член“, напишаа со нејзината фотографија од загрепскиот огранок на СДП.
На Алка не и е прв пат да се занимава со политика. Во 2009 година сакаше да се кандидира на претседателските избори како кандидат на Партијата на зелените. Но, таа мораше да ја повлече кандидатурата поради недоволен број потписи, пишува индекс.хр.
Таа тогаш тврдеше дека ја „украле“ во Далмација, поточно во Задар и Трогир. Нејзината кандидатура тогаш ја поддржа Јосип Радељак Дикан.
Вуица засега не се изјаснила на оваа тема ниту детално ги објаснила причините за нејзиниот животен пресврт, но, пишуваат Хрватите, потврдила дека ќе се бори за влез во Собранието.