Пејачката Драгана Мирковиќ јавно извести дека поднела барање за развод, објави српскиот портал Република.
Драгана информираше за својата одлука, за која вели дека имала морална обврска да ја образложи и пред јавноста.
Драгана и Тони Бијелиќ се разделуваат по 24 години брак, а јавноста остана шокирана од веста.
„Како некој кој целиот свој живот го заснова на чесност, чувствувам морална обврска денеска да и се обратам на целата јавност. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод. Мојот однос со Тони веќе подолг период не беше како што беше, а последните три години практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана поголем и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање точка на нашиот брак“, вели Драгана.
Таа понатаму вели дека останува доследна на своите принципи.
„Останувам доследна на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години. Поради сето тоа ова е моето единствено обраќање во однос на се, им благодарам на медиумите за досегашната соработка и ве молам да ја почитувате оваа одлука и да не ја зголемувате тежината на моментот низ кој минува целото наше семејство. Со надеж дека следниот пат ќе ви се јавам со многу подобри вести, однапред ви благодариме за разбирањето, напиша популарната пејачка.