Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека е олеснето закажувањето за фотографирање за пасош, дека се добива за еден ден.
-Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден, рече Тошковски.